Иако во Велика Британија враќањето километража на половните автомобили е ретка појава, деталните Британци спроведоа истражување за тоа на кои автомобили најмногу се враќа километражата.
Компанијата Rapid Car Check во своето истражување дошла до податок дека нешто повеќе од 6% од автомобилите се со наместена километража.
Најмногу километражата се враќа на Vauxhall Combo кој во останатиот дел од Европа се продава под брендот на Opel. Дури кај 13,15% од овој модел се утврдени значителни разлики во поминатите километри.
Со 12,99% на втората позиција е Ford Transite, додека третата позиција припаѓа на BMW X5. Дури 11,71% од X5-те кои се возат низ Велика Британија имаат нереална километража.
Топ 10 листата ја сочинуваат уште и Vauxhall/Opel Vectra (11,58%), Peugeot 206 (11,38%), Ford Transit Connect (11,06%), Fiat Punto (10,44%), Mercedes-Benz Sprinter (10,37%), Renault Clio (9,34%) и Renault Megane (8,95%).
Според законската регулатива, во Велика Британија не е забрането корекција на километражата на автомобилите, но затоа е забранета продажбата на такви автомобили.