Имате мало и фенси возило, а сакате да патувате во природа, и да преспиете. Епа доколку тоа возило е Mini Countryman тогаш имате среќа бидејќи компанијата Mini заедно со Autohome произвеле шатор што се монтира на покривот на Countryman.
Шаторот е наречен AirTop и е достапен како дополнителна опрема по цена од 2.837 евра. Кога шаторот не е отворен се наоѓа во футрола од фиберглас закачена на кровните носачи, исто како и кај кровните куфери. Шаторот е цврсто затегнат за шините со челични делови кои се монтираат без посебен алат.
Подигањето на шаторот е автоматизирано, потребно е само да се ослободи безбедносното копче и воздушните спирали самите ќе ја завршат работата. Сопственикот добива и алуминиумска скала за полесно пристапување до шаторот.
Во внатрешноста има квалитетен душек со памучна пресвлека на која може да се сместат две лица. Треба да додадеме дека внатрешноста е осветлена со ЛЕД сијалици на батерија, и има доста прегради за оставање на дребулии.
Шаторот е изолиран за непропуштање на вода, како со звучна изолација. Има и два прозори заштитени со мрежа против комарци.