На бензинските на Макпетрол ќе има и полначи за електрични возила – еве кога

ОБЈАВЕНО НА:

Електричните возила се иднината, иако ние сметаме дека тие се третата опција. Но, нивното доаѓање е веќе започнато и речиси нема производител што не размислува за ова, и работи на промовирање или веќе има таков модел во понудата. А со доаѓањето на електричните возила треба да има и места каде истите ќе се полнат. Поставувањето на електричните полначи во Македонија засега е срамежливо, и пред се станува збор за покажување на имиџ.

Но, Макпетрол АД размислува во иднина да има полначи на своите бензински станици, или барем на дел каде за тоа ќе има потреба и место. Според Љупчо Георгиевски, директорот за малопродажба во Макпетрол, компанијата е подготвена за поставување на полначи за електрични возила, но прво очекуваат да се разрешат сите правни дилеми.

Во моментот за поставување на електрични полначи е потребно да се поседува лиценца за тргување. Истовремено потребно е и да се одреди као ќе се наплатува полнењето.

Пракса во Европа е дека за трговија со струја е потребно лиценца, но исклучок е кога станува збор за полначи за електрични возила. Макпетрол има план за поставување на над десетина полначи низ државата, што потоа би се зголемувал според потребите и зголемувањето на бројот на корисници.

Во моментов електрични полначи има во Скопје на неколку локации, и засега истите не се користат често, бидејќи и бројот на електрични возила е мал. Но, за среќа полнењето е бесплатно.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK