Податоците од направената студија на Европската комисија за транспорт за безбедност на патиштата (ETSC) за 2019 година донесоа подaтоци кои ги поставија Бугарија и Романија на последните две места во однос на смртноста на патиштата во Европа. Анализирани се 32 земји, меѓу нив ја нема Македонија, Албанија, Косово, и БиХ. Но и без нив Балканот е меѓу земјите со највисока стапка на смртност.
Според статистиката смртните случаи во текот на минатата година достигнале ниво од 22.660 лица, што претставува пад од 3 проценти во однос на 2018 година. Од анализираните 32 земји од ETSC, кои се вклучени во специјалниот индекс PIN (ETSC Road Safety Performance Index), 16 отчитуваат намалување на смртните случаи, а најдобрите показатели се во Луксембург (39% намалување), Шведска (32%), Естонија (22% ) и Швајцарија (20%). Во 12 држави има зголемување на смртните случаи, а во податоците на другите четири нема измени.
Податоците на ETSC покажуваат дека бројот на смртните случаи низ патиштата во Бугарија се зголемил за 2,7 проценти на годишно ниво и е на ниво од 90 случаи на милиони жители, со оглед на тоа што просекот на Европа е 51 случај на милион. Уште полоша е ситуацијата во Романија, каде бројките велат 96 смртни случаи на милион жители.
Македонија и Србија ги нема во рангирањето што може да се забележи и од фотографијата.