Спојувањето на FCA и PSA Групацијата е во заврша фаза, а последниот збор ќе го имаат акционерите на двете компании.
Според соопштението за јавноста, седницата на акционерите за гласање на ова спојување е закажана за на 4 јануари следната година.
Се очекува седницата да е само формално усвојување на предлогот за спојување. Со тоа новоформираниот производител Stellantis, ќе биде четврти најголем по Volkswagen Group, Toyota Motors и Renault-Nissan-Mitsubishi Alliance.
За потсетување, под новата компанија ќе функционираат следните брендови на автомобили: Fiat, Alfa Romeo, Lancia, Maserati, RAM, Dodge, Chrysler, Peugeot, Opel, Citroen и DS.