McLaren на 23 ноември минатата годна откри дека работи на првиот свој хибриден модел чие име е Artura. Сега, британскиот производител потврди дека премиерата на овој модел ќе се случи на 17 февруари.
Станува збор за спортски автомобил на хибриден погон кој ќе располага и со V6 twin-turbo мотор во комбинација со седум-степен автоматски менувач.
За Artura, повеќето медиуми пишуваат дека станува збор за најзначајниот проект на кој работел британскиот производител, а доаѓа со бројна напредна технологија и лесна конструкција чија шасија е од јаглеродни влакна.
Производството започнува во втората половина на годинава. Ќе се произведува во фабриката во Вокинг, а засега не се открива продажната цена.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]