недела, 25 декември, 2025 година

На 100.000 сопственици на Hyndai им препорачаа – паркирајте подалеку од дома!

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Hyundai испрати покана за „појавување на сервис“ на околу 100.000 сопственици поради едноставно „лепење на колото“ што може да доведе до зголемен ризк од пожар. Поканата стигнува последните седмици за нивните најпопуларни возила поради овој безбедносен пропуст. Јужнокорејскиот производител потврди дека 68.765 возила од моделот i30 хечбек продадени во периодот од 2006 до 2011 се опфатени со повикот.

Овој модел е меѓу оние со поголем ризик откако два пожари веќе биле пријавени во Австралија на i30. Од моделот Elantra се опфатени 19.734 возила. Пред една недела од Hyundai стигна повик за сервис и за 9.3939 возила Santa Fe SUV од 2006 до 2009 кои го имаат истиот проблем.

- Advertisement -

Од Hyundai велaт дека пожарот дури би можел да започне и кога моторот е исклучен, бидејќи системот ABS прима моќност постојано. Како и да е, компанијата соопшти дека функциите на сопирање на SUV-те на Santa Fe не треба да бидат засегнати од неисправната плоча на колoто.

Сопствениците на погодените модели се предупредени да ги паркираат своите возила на отворен простор за да го намалат можниот ризик.

Засега ова се однесува за Австралија каде се веќе пријавени проблеми со возилата, а од компанијата тврдат дека делот што треба да се замени ќе биде достапен кај дилерите веќе од јули 2020 година и ќе биде заменет бесплатно.

Сличен проблем имаше и кај моделите во САД на почетокот на годината, а тогаш беа опфатени повеќе од 400.000 возила.

Нема информации за вакви модели на македонскиот пазар ниту пријавени проблеми со ние што се продадени тука.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја