За дваесетина дена откако започнаа засилените сообраќајни контроли на МВР низ државата изречени се околу 9000 санкции, најчесто за возење со брзина над дозволената, нерегистрирани возила.. Рекорден е секако Скопје.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10 октомври 2020) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 437 санкции, што е најмногу за еден ден досега во главниот град.
За возење без возачка дозвола биле санкционирани 50 лица, а за пречекорување на дозволената брзина на движење биле напишани 140 прекршочни пријави. Н аулиците во Скопје биле фатени и 40 технички неисправни и нерегистрирани возила и 8 мотоцикли.
Имало и 79 мерки за непрописно паркирање, 48 се подигнати со пајак, а изречени се 59 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.