Ако сакате да посетите некој музеј на автомобили тогаш Германија сигурно е првото место каде би заминале. BMW, Mercedes, Porsche… тоа се марки кои имаат музеи во Германија. А сега на таа листа се приклучува и Mazda.
Во германскиот град Аугзбург е отворен првиот музеј на овој бренд надвор од Јапонија. тука се изложени 45 интересни модели. Најголема заслуга за отворањето на овој музеј го има семејството Фреј кои решија да овозможат дел од нивната приватна коленција да биде изложена. Тие со децении се најголемиот дилер на Mazda во Европа. Музејот е всушност заедничко вложување на семејството Фреј и на Mazda.
Меѓу најинтересните изложени модели се Cosmo sport од 1967 година, Familia 1000 Coupe од 1966 година, Luce RX87 од 1969 година, и најпродаваниот модел со Wankel ротационен мотор RX-7 од 1992 година.
Тука е и моделот R360 од 1960 година, што се смета за првиот патнички автомобил на Mazda за масовно производство. Потоа и камионет со три тркала К360 од 1962 година, AZ-1 со централно сместен мотор и моделот 616 од 1973 година.
Поставката ќе биде проширена бидејќи семејството Фреј има уште поголема колекција на возила на Mazda и тоа од различни периоди.