Му се спрема затвор на поранешниот директор на Volkswagen?

ОБЈАВЕНО НА:

Обвинителството во германскиот град Брунцвик покренаа тужба против поранешниот директор на Volkswagen, Мартин Винтеркорн. Како што пренесуваат германските меидуми, обвинението е поврзано со манипулацијата на Volkswagen на тестовите за мерење на штетните издувни гасови, скандал кој подоцна беше именуван како “Дизелгејт”.

Според обвинителството, Винтеркорн зазема централно место во аферата која досега го чинеше германскиот производител 29 милијарди евра. Тој се терети а лажење, повреда на довербата и загрозување на конкуренцијата со неморални и неетички практики.

Според германското правосудсвто и закони на Винтеркорн му се заканува казна затвор, но засега не се шпекулира колку би можело да изнесува тоа. Без коментар за ова обвинение е и Volkswagen.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK