Со оглед на тоа што многу стари автомобили влегоа во Македонија изминатиот период и за евтини пари можно е некој да увезол и ваков автомобил. Се работи за моделот Mercedes E Class, произведен во периодот од 1 јануари 2000 до 15 јули 2010 година.
Првично проблемот е детектира во Германија, а исто така на дополнителн сервис биле повикани и возилата во Естонија и Полска. Сепак ако поседувате вакво возило добро е да го прегледате.
Во објаснувањето на проблемот се вели дека „Лепливата врска помеѓу стаклениот панел и рамката на лизгачки покрив може да не ги исполнува спецификациите. Како резултат, стаклениот панел може да се одвои целосно од возилото, што претставува ризик за сообраќајот“.
Проблемот е детектиран кај модлеите C-Class, E-Class, CLK и CLS.
Mercedes е бренд бр. 1 што најмногу повикувал возила на сервис!