Му ја извадил маста: Поминал 1,6 милиони километри со Nissan Frontier (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Кога со едно возило ќе се поминат милион километри тоа е веќе голема работа, но кога ќе се стигне до милион милји или околу 1,6 милиони километри тоа е веќе импресивен домет и километража за почит.

Ова му успеа на Брајан Марфи кој со своето возило дизелашот Nissan Frontier успеа да мине точно 1,6 милиони километри.

Жителот на Чикако кој има 62 години работи како до доставувач. Pick-up возилото на Nissan му е превозно средство и во негова сопственост е од 2007 година кога го купил како нов автомобил.

Заедно со оваа бројка доаѓаат уште неколку фасцинантни податоци. Моторот и менувачот не се менувани никога, а првото квачило траело до 1,3 милиони километри. Пумпата за вода е заменета после 970.000 километри, алтернаторот и ладилникот после 710.000 километри, а Марфи го сменил и возачкото седиште откако поимнал 800.000 километри.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK