недела, 25 декември, 2025 година

Му го украл автомобилот, а сопственикот го спаси од давење крадецот

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Крадец на автомобили, кој имал само 22 години едвај успеал да се спаси за да не се удави во автомобилот, кој го украл непосредно пред да падне со него во езерото. Ова го соопштуваат од полицијата во областа Калужка во Русија.

Спасител во ситуацијата бил сопственикот на автомобилот кој почнал да го брка откако му го украл возилото.

- Advertisement -

Крадецот случајно минувал покрај друго возило и видел дека вратите се отклучени, а клучот за контакт стоел на таблата. Одлучил да се повози, но успеал да измине едвај десетина метри пред да падне во блиското езерце и почнал да се дави.

За негова среќа сопственикот на возилото забележал како некој се качува во неа и почнал да го брка. Кога разбрал дека крадецот може да се удави скокнал во водата, ја отворил вратата и го извадил на брегот. После ова го предал на полицијата, па крадецот добил пет години затвор.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја