Родители од местото Блекпул во Англија му дозволија на 11-годишниот син да го управува семејниот Vаuxhаll Аstrа, со цеl да го оттргнат од постојаното играње на Grаnd Thеft Аutо, Малиот не се двоел од плејстешн и затоа неговите мајка и татко одлучиле да му помогнат да се врати во реалниот живот.
За среќа момчето не успеало да се впушти во мисија од GTA во реалниот живот. Брзо бил забележан од полициска патрола. Полицајците го запреле автомобилот и брзо го скратиле педагошкиот експеримент.
Родителите биле парично казнети и ќе мораат да одат на предавања. Во Велика Британија не може да се управува возило додека не бидат наполнети 17 години.
При проверката е утврдено дека таткото има и други престапи и тоа сериозна бројка, па ова било исто така земено предвид при одредување на казната.