MR2 се враќа во понудата на Toyota

ОБЈАВЕНО НА:

По одличното прифаќање на моделот Supra, од Toyota планираат да воведат уште еден модел. Станува збор за спортскиот модел MR2 што всушност ќе значи враќање на овој модел во понудата на јапонскиот производител.

„СУВ и кросоверите се убаво нешто, но на крајот на краиштата нема ништо подобро од спортски автомобил со заден пренос. И затоа ви гарантирам дека Supra нема да биде последниот ваков автомобил на Toyotа, кој ќе го видите“, изјави првиот човек на Toyota, Тојода.

Новата генерација на MR2 би се појавила веќе кон крајот на следната година и тоа како концепт, а на истата архитектура би се темелела и новата генерација на Subaru BRZ.

Доколку се реализираат овие пишувања, тогаш овој модел по пауза од 13 години повторно ќе се најде во понудата на јапонскиот производител. За последен пат беше дел од понудата во периодот од 1999 до 2007 година кога актуелна беше третата гнерација на овој спортски модел. Првата генерација беше лансирана во 1984 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK