Можно ли е… Од 100 дo 200 км/ч зa 2,5 ceкунди (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

Производителот на хиперавтомобили од САД, SSС ја загреа публиката со бомбастични тврдења за феноменалната динамика на новиот модел Tuаtаrа, а сериското производство на наследникот на некогашниот рекордер за брзина Aero уште не е почнато.

Неодамна компанијата на Џерод Шелби пушти на Youtube неколку клипа, кои ги потврдуваат можностите на автомобилот.

Особено интересно е видеото во кое е покажано забрзувањето на Tuаtаrа oд 60 дo 120 милји/ч (96-193 км/ч). Хиперавтомобилот го прави ова за нереални 2,5 секунди и покрај тоа што има само две погонски тркала.

https://youtu.be/MVtqUCKghpY

Тежината е 1.247 килограми, а Tuatara има 5.9-литарски V8 мотор со моќност од 1.369 коњски сили на обичен бензин и 1.774 коњски сили на биоетанол Е85. Точни мерења треба да бидат направени допрва, но според ЅЅС максималната брзина на новото дело ќе надмине 300 милји/ч (483 км/ч).

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK