Може ли да се поправи демолирано Ferrari? Погледнете на видеото

ОБЈАВЕНО НА:

Ferrari автомобилите се едни од најскапите на пазарот, па оттука и нивната престижност. Некои ги купуваат за да го истакнат општествениот статус, но некои за да го задоволат својот адреналин. И едните и другите мора да бидат крајно внимателни при управување со Ferrari автмобилите бидејќи мало невнимание врз “ѕверот” може скапо да чини.

Постојат бројни примери за тоа како со некој од моделите на италијанскиот производител се завршувало во бандера или канал. Она што нé интересира повеќето од нас е тоа дали може демолирано возило на Ferrari да се реставрира односно поправи?

Одговорот најдобро може да го даде екипата на Real Life Exotics која откупува буквлно демолирани луксузни возила со цел истите да ги врати во првобитна состојба. Во едно видео објавено на својот YouTube канал го прикажуваат процесот на поправка на Ferrari 812 Superfast кој е опремен со 6,5 литарски V12 мотор од 800 КС.

Процесот на поправка е прикажан на видеото во продолжение, а крајниот резултат е навистина фанстастичен.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK