Позната е и почетната цена за новиот Audi Q8. Почетата цена на чинење на основниот модел со основно ниво на опременост изнесува 76.300 евра. Оваа информација ја соопшти официјално Audi кој наведе дека сите заинтересирани може веќе да нарачаат примерок од најновиот SUV на германскиот производител додека испорката ќе започне на средината на август.
Оваа цена која важи за Германија се однесува на 3.0 литарскиот дизелски мотор со 286 КС, додека цената на останатите ниво на опременост за сега не се познати и истите се очекува да бидат обелоденети кон крајот на овој месец.
Само за споредба, основниот модел на Q8 е за 12 илјади евра поскап од основниот модел на Audi Q7, додека во споредба со BMW X6 цената е за нешто повеќе од 4 илјади евра повисока односно за 5 илјади евра повисока во однос на Mercedes GLE350.
Инаку овој модел за прв пат пред јавноста беше претставен на 9 јануари минатата година во рамките на саемот за автомобили во Детроит, додека официјалната промоција на продукцискиот модел беше извршена пред нешто повеќе од еден месец.
Со овој модел Audi само ја зголемува понудата на SUV модели со кои пред се ќе треба да го освои пазарот во Кина, а во наредните години ќе лансира уште поголем SUV кој ќе ја носи назнаката Q9.