Еден од најпопуларните магазини за автомобилизам во САД кој е основан во далечната 1949 година, Motor Trend, традиционално пред крајот на годината ги додели наградите за најдобри возила.
За најдобар автомобил на годината за 2020 година е прогласен Chevrolet Corvette Stingray кој е 15-от Chevrolet автомобил кој ја добива оваа награда.
Во останатите категории, за најдобар камионет е прогласен RAM Heavy Duty додека за SUV на годината прогласен е Kia Telluride. Истовремено за личност на годината е прогласен шефот за дизајн на Hyundai Motors, Петер Шрајер.
За потсетување, минатата година награди добија Genesis G70, RAM 1500 и Jeep Wrangler.