Мото блогерка се снимаше како се„искрши“ при 180 км/ч (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

Позната блогерка од Москва успеа да го сними со видеокамера својот пад од мотор со брзина од 180 км/ч. Фaнтacтичнaтa Дacтиш, како што е прекарот на Дарија на социјалните мрежи удрила во заштитната ограда откако влегла премногу брзо во еден свиок.

И покрај тешкиот удар во оградата и тешкиот пад мотоциклистката успеала да преживее. Докторите во болниата во Сочи каде што била пренесена утврдиле дека има само скршен прст и оштетени тетиви и нерви кои ја поврзуваат раката со рамото.

„Сама сум виновна, но на секому може да му се случи грешка. Секој ги има прекршено правилата за движење на патиштата, секој вози над дозволената брзина“, коментираше Датиш од болницата на својот профил на Instаgrаm.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK