Morgan Motor ги продаде акциите на италијанска групација

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанската инвестициона групација Investindustrial објави дека ќе го купи мнозинскиот пакет на акции на британскиот производител Morgan Motor, компанија основана во далечната 1910 година од страна на Хенри Фредерик Стенли Морган.

Целата постапка ќе биде реализирана во април годинава, а при тоа не се наведува сумата која оваа Групација ќе ја плати за уделот во Morgan Motor која е една од ретките компании кои се базирани во Велика Британија.

“Последните две години се многу успешни за нашата компанија. Како и да е за искористување на целосниот потенцијал и обезбедување на долгорочна иднина, двата, фамилијарни и менаџмент тима чувствуваат потреба од донесување на стратешко партнерство” изјави Домини Рајли, првиот човек на британскиот производител.

Investindustrial досега во автомобилската индустрија има инвестирано и во Aston Martin и Ducati како и неколку производители на делови наменети за автомобилската индустрија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK