среда, 25 декември, 2025 година

Моќ, комфор, престиж: Mercedes-Benz 450 SEL 6.9 слави 50 години

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Mercedes-Benz 450 SEL 6.9 е симбол на врвна класа и моќ. Точно пред 50 години, на премиерата на оваа топ варијанта од серијата 116, професионалната јавност беше фасцинирана, а клиентите воодушевени. Возењето „шест запирка деветка“ значеше самодоверба, стил и супериорност. Возилото стана омилено и меѓу Формула 1 шампионите од тоа време, кои го избираа како приватен автомобил. И денес, оваа икона на луксузот сè уште остава модерен и елегантен впечаток на патот.

450 SEL 6.9 претставува врвот на тогашната S-Класа, поради што секогаш беше исклучително баран. Спојот на перформанси и луксуз го привлекуваше вниманието и на славни личности. Денес, побарувачката на класичниот автомобилски пазар останува висока.
Во 2025 година, Classic Data проценуваше вредност од над 50.000 евра за возило во одлична состојба, а денес, таа вредност надминува 80.000 евра, при што исклучителни примероци достигнуваат и над 90.000 евра.

- Advertisement -

Серијата 116 беше првата генерација на од Mercedes-Benz execitive clas што официјално го носеше името S-Класа. Претставена во септември 1972 година, серијата ја доби наградата „Автомобил на годината“ во 1974 за моделот 450 SE. Во мај 1975, 450 SEL 6.9 го заокружи моделскиот опсег како највисока варијанта. На медиумската премиера во Алзас, новинарите објавија наслови како „Најдобриот автомобил во светот“ и „Најбрзиот седан во светот“. Со брзина од 225 km/h, моделот беше еден од најбрзите на патиштата во 1970-тите, а забрзувањето од 0 до 100 km/h за само 7,4 секунди го позиционираше веднаш зад спортските автомобили од тоа време.

450 SEL 6.9 доаѓаше со богата стандардна опрема: клима уред, централно заклучување, темпомат, електрични прозорци, перачи на фарови, велур ентериер и сигурносни појаси со автоматско затегање на сите седишта – опции што во 1975 не беа вообичаени. Моделот се произведуваше исклучиво во издолжена верзија, со дополнителни 100 мм за поголема удобност на патниците одзади. Како опција се нудеа електричен покрив (DM 987,90) и редок автомобилски телефон Becker AT 160 S (DM 13.542). Основната цена изнесуваше DM 69.930 – повеќе од двојно од цената на 280 SEL.

Визуелно, „шест запирка деветка“ може да се препознае по три детали: полукружен воздуховод под маската, пошироки гуми 215/70 VR 14 и двоен издувен систем со пошироки завршетоци. Легендарните алуминиумски тркала Fuchs не беа стандард – тие се нудеа како дополнителна опција за DM 1.554.

Под хаубата се наоѓа моќниот V8 мотор M 100 E 69, базиран на агрегатот од Mercedes-Benz 600. Со зголемен дијаметар на цилиндрите, моторот има зафатнина од 6.834 cm³ и испорачува 210 kW (286 КС) при 4.250 вртежи, со вртежен момент од 550 Nm. Прилагоден автоматски менувач со три брзини го пренесува овој потенцијал на патот.

За одржување, моделот нуди предности: автоматска компензација на вентилскиот зазор, нова заптивка на главата и систем за подмачкување со сув картер што дозволува пониско позиционирање на моторот и интервали за замена на масло од 15.000 км.

Суспензијата беше револуционерна: наместо пневматски систем, беше вградена хидропневматска суспензија со хидрауличка контрола на нивото. Возилото секогаш остануваше во иста висина, без оглед на товарот, со целосно достапен пат на амортизација.

Во периодот од февруари 1975 до септември 1980, беа произведени точно 7.380 примероци од 450 SEL 6.9. Денес, Mercedes-Benz Classic нуди богата палета резервни делови – нешто што само производителот може да го гарантира. Се нудат и ситни компоненти како прекинувач за клима (17,47 евра), но и скапи и специфични делови како управувачки механизам (3.756,20 евра). Достапноста и квалитетот на деловите овозможуваат овие автомобили да се одржуваат во автентична состојба и во иднина.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја