вторник, 25 декември, 2025 година

Моделот 3 на Tesla помина 1000 км со автопилот

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

По низата на лоши вести поврзани со Tesla, конечно се појави и една која е за почит. Имено, моделот 3 кој на европскиот пазар ќе се појави следната година со користење на автопилот измина 1001 километар што е секако за почит.

Ова го објави германската компанија за тестирање на електрични автомобили Next Move кој во еден експеримент успеа да постави рекорд со тоа што со овој модел успеа да измине 1.001 километар под мод на автопилот, без вклучена клима и радио и со брзина од 36 км/ч. Овој перформанс е далеку подобар од првичниот според кој моделот 3 помина нешто над 500 километри.

- Advertisement -

Благодареие пак на батеријата, моделот S пак, поминал 1.128 километри пред следното полнење, но при тоа брзината се движела од 30 до 50 км/ч. Со оглед на тоа што просечната брзина при тестот била 38 км/ч, за постигнување на рекордот било потребно 30 часа, а исто така и пет возачи.

Компанијата наведува дека колку брзината е помала толку и дистанцата што може со помош на автопилот или батерија да се измине е поголема. На пример со 50 км/ч во градски услови моделот S може да помине скоро 780 километри, но при брзина од 130 кк/ч на автопат максималната километража која може да се помине изнесува околу 260 километри.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја