Кога се прават модели на иста платформа се користат и исти делови и само детали ги разликуваат. Тоа значи и кога се појавуваат проблеми често се работи за иста природа, па се повикуваат на сервис модели од неколку различни брендови.
Тоа случајот и со Peugeot и Citroen. Тие повикаа три различни модели кои се произведувани во ист временскии период и поради ист проблем.
„Безбедносниот ремен на предниот патник е неисправен. Како резултат на тоа неговата ограничувачка функција ќе биде нарушена, зголемувајќи го ризикот од повреди во случај на несреќа, се вели во објаснувањето.
Моделите Citroën Berlingo, Peugeot Partner i Peugeot Rifter се погодени од ова повлекување што се произведени во периодт меѓу јули 2018 и ноември 2019 година.
* Citroen Berlingo – Berlingo Notification_A12_00344_20_en
* Peugeot Partner – Peugeot Rifter – Partner-Rifter – Notification_A12_00342_20_en