Млад самоук механичар од главниот град на Гана, Акра си направи автомобил од ‘рѓосани канти за ѓубре, даски и алимуниумски профили. Келви, кој има 18 години, од дете сонувал за сопствен автомобил, но не можел да си дозволи голема сума.
Момчето постепено собирал делови и потребни делови цели три години. 200 долари (163 евра) кои ги потрошил во проектот, исто така биле сума која тој и неговото семејство не ги заработуваат, но Келвин успеал да заштеди од сè за да го оствари својот сон.
Иако е направен целосно рачно од остатови, автомобилот на конструкторот од Гана има врати на подигнување како кај Mеrсеdеs-Bеnz 300 SL Gullwing. Арматурната табла е од дрво, а има дури и радио. Таванот е „тапациран“ со монтажна пена.
Моторот и суспензијата се од мотоцикл. Прозорци нема, но тоа не е проблем во топлата Гана.