Microlino 2.0 – инспириран од BMW Isetta (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Многумина можеби не се сеќаваат на иконското BMW Isetta од крајот на 50-тите години на минатиот век, но наскоро на пазарот може да се појави неговата модерна копија, иако е од друг производител.

Компанијата од Швајцариаја, Micro откри малку повеќе детали за сериската верзија на Microlino 2.0, кој е компактен градски електромобил. Производителот вели дека Microlino 2.0 е развиен за да предложи точна количина на простор, километража и перформанси според просечната статистика за употреба на градски автомобил.

Според Швајцарците во просек во еден автомобил се возат само 1-2 лица одеднаш и се вози низ град околу 35 километри. Тоа значи, дека традиционалните автомбили се преголеми за ваква употреба. Microlino сака да постигне друг баланс, кој обезбедува „идеален микс“ меѓу мотоцикл и автомобил, обезбедувајќи и екологичност на понуденото возило.

Што се однесува до стилот, Microlino е силно инспириран од BMW Isetta. Тој ја има истата влезна врата однапред, а патниците можат да излезат директно на тротоарот. И покрај тоа, за разлика од Isetta, која беше во варијанти со три и четири тркала. Microlino е со четири тркала, а задните не се собрани едно кон друго, како што беше ситуацијата кај Isetta со четири тркала.

Одвнатре Microlino нуди едноставна и минималистичка кабина. Внатрешноста е со минималистички и едноставен дизајн со место за двајца возрасни и малку багаж. Има само дигитален дисплеј за покажување на основната информација и волан со две опции. Microlino исто така не располага со интегриран климатски систем или аудио систем. Место тоа на таблата има хоризонтална лента, на која можат да се монтираат телефони и безжични звучници.

Првиот прототип на Microlino е завршен во 2018 година. Неодамна претставената нова верзија на Microlino 2.0 е речиси производствен модел. Првиот прототип се засноваше на едноставна тубуларна рамка, додека сега се користи носечки монокок од пресуван челик и алуминиум, што ја подобрува цврстината без значително зголемување на тежината. Задниот дел на автомобилчето е приближно 50% поширок за подобрена стабилност.

За разлика од тоа што може да се заклучи од неговата големина, Microlino всушност има респектабилен опсег на возење. Во зависност од тоа кој од двата достапни пакети батерии е избран, Microlino ќе даде можнот за поминување од 126 или 201 километар со едно полнење на акумулаторот.

Иако точни податоци за пакетот на батерии не се откриени, Швајцарците тврдат, дека автомобилот може да биде целосно наполнета само за четири часа од домашна струја. Microlino 2.0 тежи само 523 килограми  и има максимална брзина од 90 км/ч.

Microlino се позиционираше на пазарот како конкурент на веќе добро познатиот микроградски електромобил Citroën Ami. Дополнителни модификации на автомобилот ќе следат во март, а процесот на хомологација ќе почне во јуни. Се очекува сериското производство да почне во септември годинава.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK