Дури 44 проценит од возачите на возраст од 18 до 24 години не знаат да ја проверат длабочината на каналот на гумите, а возењето со излижани гуми односно со преплитки канали е казниво и пред сè опасно. Младостa секогаш е секаде иста, па веројатно нема голема разлика меѓу Британците и жителите на земјите од Балканот, но можеби и да има?
Британската лизинг куќа Select Car Leasing спроведе истражување и дојде до интересни заклучоци. Дури 44 процени од возачите на возраст од 18 до 24 години не знае да ја провери длабочината на каналот на гумите.
За споредба истиот проблем го пријавиле 11 проценти од возачите постари од 65 години. Дури 27 проценти од младите возачи не знаат да го проверат притискот на гумите, што е повторно безбедносен проблем, но и преслабо напумпаните гуми можат да ја зголемат потрошувачката на горивото.
Истиот процент на млади возачи, односно 27 процени не знае да го провери нивото на масло во моторот. Секако, во Велика Британија животниот стандард е многу поголем отколку на Балканот, па младите возачи веројатно можат да си дозволт автомобил, но и ова е предупредување за младите возачи. Пред сè треба да се информираат за основните прегледи на возилото поради безбедност во сообраќајот, но и поради избегнување на непотребни трошоци.
Важно е повремено да се проверува состојбата на моторот, нивото на маслото, на течноста во ладилникот, сопирачките, за миење стакло. И за сето ова не треба голема филозофија.