Mitsubishi со тизер видео го најави новиот Outlander

ОБЈАВЕНО НА:

Mitsubishi со тизер видео ја најави новата, четврта генерација на моделот Outlander. При тоа потврди дека дебито на истата ќе се случи на 16 февруари.

Доаѓа со целосно нов дизајн, како надворешен така и внатрешен, а најавена е и целосно новата технологија.

Она што е потврдено е дека новата генерација ќе се базира на истата платформа како и моделот Nissat X-Trail. Иако нема официјална потврда, сепак се претпоставува дека во понудата ќе биде достапен и со 2,5 литарскиот четири цилиндрен мотор кој продуцира 181 КС, а кој е “позајмен” токму од моделот X-Trail.

Во продажба ќе се појави уште ова лето, најпрво во Азија, а потоа и во Европа. Цената останува непозната.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK