Со објавување на видео, Mitsubishi Motors и официјално го потврди терминот за премиерата на новата генерација на Outlander. Според видеото, премиерата ќе се случи на 16 февруари, а ќе се одржи на AmazonPrime.
Она што е потврдено е дека новата генерација ќе се базира на истата платформа како и моделот Nissat X-Trail. Иако нема официјална потврда, сепак се претпоставува дека во понудата ќе биде достапен и со 2,5 литарскиот четири цилиндрен мотор кој продуцира 181 КС, а кој е “позајмен” токму од моделот X-Trail.
Место ќе има и за plug-in хибридната верзија која доаѓа со основен 2,4 литарски бензински мотор и електромотор со кој ќе може да се помине околу 70 км.
За новата генерација на Outlander се зборува уште пред три години, а во 2019 беше објавен првиот рендер за можниот изглед кој сеуште останува енигма.