Во август 2017 година јапонскиот производител Mitsubishi и официјално го прекина производството на легендарниот модел Lancer.
Во меѓувреме се појавија бројни информации и шпекулации околу иднината на овој модел, а беа објавени и неколку реднери.
Последниот таков рендер доаѓа од Русија и ја претставува новата седанска изведба од овој популарен модел кој за прв пат во понудата на Mitsubishi дебитираше во далечната 1973 година.
Иако само рендер изработен од вљубеници во овој легендарен модел, сепак доколку се комерцијализира истиот би се темелел на CMF C/D платформата која се користи кај бројни SUV модели во рамките на Renault-Nissan алијансата.