Откако Nissan го купи Mitsubishi а Карлос Гон стана директор, компанијата размислува за ширење и отворање на нова фабрика за мотори.
Прв избор на Mitsubishi е Романија, и веќе се преговара со властите околу создавање на амбиент за потенцијална изградба на фабрика во таа земја. Како можни места каде фабриката би требало да биде изградена се градовите Тимиса или Прахови, и двете места се во близина на автопат што би овозможило брз транспорт.
Инвестицијата би била преку 200 милиони евра. Доколку пак преговорите не се реализираат, како алтернатива се споменуваат Унгарија и Словачка. Засега Mitsubishi бара пониски даноци и поголема помош од владата.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]