Мистериозен прототип на тестирање – новата лимузина на Путин?

ОБЈАВЕНО НА:

Мистериозен прототип на голем седан е „фатен“ од папарацо фотографите на замрзнато езеро во Шведска. Добро камуфлираниот модел има многи допирни точки со моделите на Rolls-Royce и Bentley, но всушност нема ништо со двата британски брендови.

Според некои извештаи ова е тестен модел на новата генерација на претседателската лумузина на рускиот претседател Владимир Путин. Но, Kortezh нема да биде само на располагање на Путин и другите високо позиционирани политичари, туку ќе се продава и на секој заинтересиран во Русија.

Планирани се различни шасии – лимузина, СУВ, миниван и седан. Токму овој триделен автомобил е фатен за време на тестирање.
Руските медиуми велат дека многу брзо моделот ќе влезе во производство, а првите се очекуваат пред крајот на годинава. Вкупно 5.000 возила од сите варијанти ќе бидат произведени во 2020 година.

И порано имаше пишувања за ваков автомобил со ретро изглед. Уште во 2014 година се пишуваше дека возилото се развива во соработка со Porsche и Централниот научен истражувачки центар за автомобили.
Се шпекулира дека лумузината ќе има турбо V12 мотор што според некои претходни пишувања ќе има 6.0 литарски мотор со 800 КС. Но, сето ова треба да се земе со резерва бидејќи нема никакви официјални информации, барем засега.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK