Со Jeep Wrangler, благодарение на 4×4 погонот може да се отиде на многу места каде со обично возило не би можеле. Со оваа реченица американскиот производител веќе со децении успешно го продава овој SUV модел.
Сепак, токму ова тврдење може да направи голем проблем за буквалистите и за оние кои имаат преголема доза на адреналин.
Доказ за тоа е последниот случај кој доаѓа од калифорнија, САД, каде еден возач на Jeep Wrangler се заглави на планинско-ридска патека за велосипеди и крос мотоцикли.
Како што пишува американскиот сај за автомобилизам, заглавениот возач е дел од тимот на SoCal Jeep кои со повеќе возила тргна на оваа (не)возможна авантура.
Во оваа позиција, возачот со својот Jeep Wrangler останал заглавен 36 часа пред да дојде помош.
Уште една потврда дека и легендарните џипови имаат граници преку кои не може да поминат.
[totalpoll id=”43475″]