Mini со над 45.000 резервации за електричниот Cooper

ОБЈАВЕНО НА:

Иако не беше меѓу првите производители кои претставија електричен модел, сепак Mini направи одлична работа со електричниот модел Cooper SE. За тоа говори податокот според кој досега на адресата на британскиот производител има пристигнато над 45 илјади нарачки за овој модел.

“Веќе имаме интерес од над 45 илјади купувачи” изјави Елена Едер, проект менаџерот за електричниот Mini за германскиот FAZ весник.

Првите примероци од овој модел во авто салоните ќе се појавата на почетокот на следната година, а цената во Велика Британија изнесува 27.900 фунти односно 32.500 евра во Германија.

Овој автомобил го придвижува 135 kW електричен мотор, исто онаков каков што се користи и кај BMW i3. Со ова, максималниот домет со едно полнење изнесува од 235 до 270 километри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK