Mini со концепт на Crossover го најавува новиот дизајнерски правец

ОБЈАВЕНО НА:

Mini тргнува во нова дизајнерска ера со воведувањето на својот нов дизајнерски правец – Charizmatic Simplicity. Овој нов правец ќе биде подетално познат со објавувањето на целосно електричен кросовер концепт следниот месец.

Сите идни модели на Mini ќе се засноваат на архитектури дизајнирани за електрични погонски единици и преку својата нова дизајнерска филозофија, Mini ќе го намали бројот на компоненти и наместо тоа ќе се концентрира на основните стилски елементи. Сака идните модели „да постигнат емотивен, интуитивно воочлив идентитет“ и ќе се погрижи секој иден Mini модел да има „своја индивидуална харизма што непогрешливо се заснова на јадрото на брендот, реинтерпретирајќи го самоуверено и на свој начин“.

MINI коментираат дека главниот елемент во Charizmatic Simplicity ќе бидат употребените материјали, чиј главен фокус ќе биде нивната еколошка одржливост. Следните автомобили на марката нема да имаат кожа во внатрешноста и употребата на хромирани елементи ќе биде сведена на минимум.

„Автомобилската архитектура за новата генерација MINI е развиена за чисто електрична мобилност од самиот почеток“, велат од легендарната компанија. „Секој сантиметар од достапниот простор се користи уште поефикасно за удобност, благосостојба, емоционално искуство и уживање во возењето. Тоа значи дека секое MINI, без оглед на неговите надворешни димензии, ќе продолжи да нуди совршена комбинација на мала големина и достапен внатрешен простор. и во иднина“.

MINI за прв пат ќе го претстави Charizmatic Simplicity на крајот на јули, кога ќе се одржи светската премиера на целосно нов концептен кросовер модел.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK