Во минатото Mini имаше мноштво интересни концепти, но засега компанијата нема намера да се зафати сериозно со производство на некој спортски модел, како што тоа беше Superleggera Vision concept. Причината е едноставна – спортските возила не се профитабилни.
Официјалните лица на компанијата потврдија дека во моментов остануваат само на четирите модели што ги имаат во понудата, се до доаѓањето на новата генерација на Mini. Компанија како што е Mini неможе да си дозволи да вложи толку средства во модел што нема да има голема продажба, па затоа спортските возила не се приоритет.
Но, во минатото компанијата имаше во понудата спортски модели како што се Coupe и Rodster. Двата модели не успеаја да фатат место на пазарот, и имаа релативно мапа продажба. Затоа во 2015 година престана нивното производство и не беше најавено дека ќе имаат замена или наследници.
Во отсуство на новото Мini, компанијата сега ги нуди варијантите на Cooper, Clubman и Countryman.