Во сопствената фабрика во Сандерленд (Велика Британија), Nissan го произведе јубилејниот, милионити автомобил под знакот на Juke, соопштуваат од јапонскиот производител.
Juke кој важи за еден од најпродаваните автомобили во својот сегмент и најпродаван во САД, го дочека овој јубилеен примерок благодарение на одличата поарувачка која изминатите години бележи одреден тренд на зголемување.
Инаку Juke за прв пат започна да се произведува во 2010 година во фабриката во Канагава (Јапонија). Сепак благодарение на одличната продажба и зголемената побарувачка, набрзо овој модел започна да се произведува во Сандерленд и Пурвакарта (Индонезија).