По Skoda Citigo и Volkswagen Up и третиот мини автомобил во Volkswagen Групацијата доби своја електрична изведба.
Mii Electric како што е целосниот назив на оваа изведба ја има истата технологија како и наведените модели. Ќе располага со 36.8 kWh батерија која во цел капацитет овозможува автономија од 260 км. При тоа полнењето на истата од 0 до 80% трае речиси еден час.
Вкупната моќност на овој автомобил изнесува 61kW односно 82 КС при 212 Nm обртни моменти. До 50 км/ч забрзува за само 3.9 секунди.
Многу скоро се очекува Volkswagen Групацијата во целост да ги укине моделите Up, Citigo и Mii со традиционалните бензински и дизелски мотори.