Компанијата Michelin ја проширува својата понуда за автомобили со нова летна гума. Agilis 3 се карактеризира со високо ниво на безбедност на влажни патишта и одлична енергиска ефективност, како што се соопштува од страна на производителот.
Други нејзини карактеристики се високата цврстина и издржливост.
„Поради ниската потрошувачка на гориво, постигната благодарение на оптимизацијата на тежината и подобрените својства на отпорност за тркалање, новата гума е не само идеалниот избор за микробуси со конценционален погон, туку и за превозни средства со електричен погон“, објаснува Филип Остбомк, кој е директор за B2B продажби во Германија, Австрија и Швајцарија.
Тој вели дека следејќи ја растечката тенденција за електрифицираниот сообраќај на дистрибуција на кратки и средни растојанија, се предлага Agilis 3 како вистинско и првилно решение за пазарот.