Michelin е највредниот бренд за гуми

ОБЈАВЕНО НА:

Според проследните анализи на Бренд фајнанс, Michelin е највредниот бренд за гуми и вреди 7,9 милијарду долари. Анализата покажала дека Michelin имал пораст од 30 отсто и се наоѓа на врвот од Топ-10.
Порастот од 30 отсто на Michelin донесе промена на лидерското каде досега беше Bridgestone кој сега има пад од 6 отсто и вреди 7 милијарди долари.

Анализата покажува дека кај јапонските брендови има пад, додека кинеските се во пораст. Maxxis скокна две места на табелата и има пораст од 10 отсто и проценет е на 900 милиони долари. За првпат на листата се наоѓа Dunlop и веднаш скокна на 5 место со вредност од 2 милијарди долари.

Michelin е единствен бренд што има оценка ААА, и ја подобри од лани. Одржливоста и технолошките иницијативи го зајакнаа брендот Michelin, вклучувајќи го и концептот за 3D-печатена гума која може да се прилагоди на условите на патот и никогаш не треба да се замени, што минатото лето беше откриено. Гумите Michelin, исто така, добро се држаа во мотоспортот, освојувајќи ги трката на 24 часа Леман, се користат во Формула Е, што стана посакувано место за прикажување на технологија за водечки производители на автомобили.

Меѓу оние со најголем пораст е Continental. Тие го задржаа третото место и се далеку за водечката двојка на Michelin и Bridgestone, но исто така зад себе ги има оставено сите други кои вредат двојно помалку од Continetal.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK