Местото каде умираат ладите! (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Беше национално возило во Русија, успеваше да одолее на сите временски услови и се покажа како издржлив автомобил. Но, сѐ има свој век на траење, па така и Lada. Но, прашањето е каде завршуваат старите возила, каде „умираат ладите“.

Жител на рускиот град Воронеж направи и прошири во јавноста фотографии од едно многу интересно место, лоцирано на периферијата на градот. Станува збор за автомобилски гробишта, каде што се наоѓаат стотици автомобили произведени од советски фабрики.

Повеќето автомобили се од брендот Lada, но исто така има и Moskvic, Gazela и Volga. Фотографиите брзо станаа популарни на интернет, а претпоставките се многу различни.

Очигледно е дека овие автомобили седат таму долго време и се смета дека ова е местото каде што ладите умираат.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK