И Меси и колегите од Барселона се подновија со возила од Audi (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Откако пред неколку дена Audi ги поднови играчите на Реал Мадрид со нови возила на ред дојдоа и фудбалерите на Барселона, па и Лионел Меси и колегите во иднина ќе се возат со нови коли.

Лионел Меси се одлучи за RS 6 Avant, автомобил кој има 605 коњски сили, а е со цена од 144.000 евра. Серхио Бускетс го избра моделот R8 V10 so 610 коњски сили, додека Жерард Пике и Луис Суарез бираа исто како и Меси.

Голманот Марк-Андре тер Штеген се одлучи за SQ5 (354 коњски сили), тренерот Ернесто Валверде за Q7 e-tron (373 коњски сили), Осман Дембеле и Самуел Умтити за RS 3 (400 коњски сили), додека капитенот Андрес Иниеста се реши за бело SQ7 so 435 коњски сили.

Jordi Alba
Samuel Umtiti
Следете не и на:

24AUTO NETWORK