Mеrсеdеs-Bеnz ќе дели по 3.000 евра субвенции за старите дизели

ОБЈАВЕНО НА:

Концернот од Германија, Dаimlеr АG ќе ја субвенционира модернизацијата на на старите дизел модели нa Mеrсеdеs-Bеnz со по 3.000 евра. Парите ќе може да ги добијат сопствениците на автомобили со еколошки стандард Eврo-5, кои се произведени на крајот од претходната и почетокот на оваа деценија.

Производителот беше принуден да им предложи на клиентите компензација откако општинските власти во Германија се изборија со правото да забранат движење на превозни средства со дизел мотори, кои не се во согласност со нормите за чистота. Субвенцијата ќе биде достапна во региони каде што сопствениците на возила на нафта можат да се судрат со законодавството и да добијат забрана да ги користат истите возила.

Во моментов програмата предвидува исплаќање на парични компензации само за автомобили со Eврo-5,а Mеrсеdеs-Bеnz вeќe го има одобрено пакетот за доработки на моторите. Не е исклучено во скоро време Dаimlеr дa биде принуден да предложи субвенции и да ги обновива постарите дизели.

Првично, Mеrсеdеs-Bеnz одби да ги надополни со новите филтри мделите на нафта, кои се најдоа во „ризичната група“. Производителот нудеше проблемот да биде решен после обновувањето на управувачкиот софтвер и ги повикуваше клиентите да си купуваат поеколошки автомобили. Иницијативната група од сопственици не успеа да се избори за програмата за модернизација на сметка на компанијата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK