Mеrсеdеs-Bеnz ја запира продажбата на некои дизелски модели

ОБЈАВЕНО НА:

Во Dаimlеr одлучија да го сменат снабдувањето и регистрацијата на некои нови модели на Mеrсеdеs-Bеnz cо дизел мотори, а ова го тврдат од Аutоnеws Еurоpе. Меѓутоа притоа не се почува конкретна моторизација.

Брендот е превентивен и има за цел да бидат избегнати дополнителни проблеми во очекување на германската федерална служба за моторни превозни средства (KBА) да го рашири списокот со автомобили на концернот, во кој се инсталирани „недозволени уреди“ за манипулирање со емисиите на штетни гасови.

Mеrсеdеs-Bеnz се подготвува за нови финансиски загуби после рекордните казни од минатата година. Компаниајта одвои дополнителни 7,7 милијарди евра за фондот за плаќање на казни, судски трошоци и надомест на дизел горивото во изност од 30,7 милијарди евра.

Dаimlеr отчита тежок пад во заработувачката во 2019 година и беше принеден да ги исплати најниските дивиденди од финансиската криза од 2008 година наваму. Компаниајта требаше да плати 870 милиони евра казна само во Германија. Дополнителен удар за концернот нанесоа и практичните продажби во Кина, кои забележаа пад од 92 проценти поради корона вирусот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK