Компанијата Mеrсеdеs-Bеnz ги следи своите клиенти преку автомобилите, а ова го тврдат медиуми од Велика Британија. Таблоидот The Sun, вели дека Mercedes тајно има инсталирано уреди во автомобилите за да може да ги следи сопствениците и да пренесува информации на извршителите. Компанијaта од Германија користела апаратура за да ги собира назад возилата на лизинг чии купувачи не ги плаќале потребните суми.
Од април минатата година сите автомобили произведени во Европа се опремени со системот за итни случаи еСаll. Во случај на сообраќајна несреќа тие автоматски се поврзуват со специјален број 112 и испраќаат податоци за состојбата на возилото, вклучувајќи ја и местоположбата.
Од Thе Sun не објаснуваат дали станува јасно дали уредите за следење се дел од системот еСаll, нo ce тврди дека информацијата за местоположбата на автомобилите се користи без знаење на соствениците. Од CNN цитираат анонимен претставник на Mеrсеdеs-Bеnz, според кој купувачите дале согласност за да бидат следени со самото потпишувње на договорот, а процедурата била користена „само во одделни случаи како крајна мерка“.
Деталите околу скандалозните тврдења на Thе Sun не се многу, но тоа јавно не го запрело поранешниот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис да направи повик кон обвинителството да почне со истрага за овој случај.
„Не е првпат големиот бизнис да се однесува како Биг Брадер, но тоа ретко се случува на вака подмолен начин. Се прашувал дали е законски да се предава таква информација на трети страни како судии-извршители“, вели Дејвис.