Германската канцеларка, Ангела Меркел во септември ќе добие нов службен авион со цел да се намали оптоварувањето на флотатата од авионите за превоз на ВИП лица. Причината е во нејзините чести патувања, како и во патувањата на другите членови на владата низ целиот свет.
Новиот авион ќе биде Airbus А-321, а се работи за користен авион и во моментов тој се реставрира и обновува од страна на авиокомпанијата од Германија, Луфтханза. Се очекува да и биде предаден на владата во септември.
Авионот бил дел од флотата на Луфтханза од 2000 година. Го има добиено името „Neustat an der Weinstrasse“, во име на еден германски град. После обновувањето на него ќе биде напишано „Федерална Република Германија“.
Од Берлин одлучија да го вклучат овој авион стар 18 години во својата флота бидејќи е поевтин и е подобар за даночните обврзници. Обновениот авион ќе може да превезува 84 патници од кои 14 седишта се во ВИП зоната, а 70 во зоната за членови на делегациите.