Mercedes за поголема безбедност – реконструирале над 4.700 несреќи

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Mercedes пред 60 години го направи првиот краш тест. Десет години подоцна истражувањата на сообраќајни несреќи направија уште еден чекор на компанијата кон безбедноста. Основан во 1969 година секторот за истражување на несреќи во Mercedes-Benz е еден од најстарите во светската автомобилска индустрија. Оттогаш истражителите реконструирле повеќе од 4700 сообраќајни несреќи.

„Холистичкиот (целосен) пристап кон развојот на безбедноста на Mercedes-Benz има две цели, а тоа е да се избегнат несреќи и да се минимизираат последиците од инциденти“, вели професорот Родолфо Шонбург, кој е менаџер на Mercedes-Benz Center за безбедност на превозните средства, структурна отпорност и заштита од корозија. Во основа на филозофијата на безбедноста на брендот е барање и осигурување на реална безбедност на животот. Затоа, реалните настани за време на несреќи се важен аспект кон симулациите и тестовите за несреќите.

Благодарение на соработката со Министерството за внатрешни работи во градот, Баден-Виртемберг, полицијата го известува одделот, доколку во околина од 200 километри од Зинделфинген, близу до Штутгарт се случила сериозна несреќа со учество на модел на Mercedes-Benz или Smart.

Работата на истражителите обично почнува со преглед на возилото од несреќата на работилницата каде што било донесено. Во следниот чекор се посетува местото на несреќата за да може да се реконструира истата, дури ви во случај на несреќа немало учество на друг автомобил. Кога се достапни сите информации, почнува систематската реконструкција на судирот.

На крај, резултатите се споредуваат со податоци од други несреќи, што на автомобилските инженери им дава точна слика за типичните модели на дефекти, давајќи им вистинска основа и идеја за развој на нови системи за заштита.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK