Кога во 2015 година Mercedes соопшти дека заедно со Renault-Nissan почнува соработка во полето на пик-ап возилата имаше размислувања дека тоа можеби ќе биде само уште еден обид на Daimler AG, a ретко кој веруваше дека за две години истиот ќе биде веќе сериски модел. Новиот X-Class дели компоненти со Nissan NP300 Navara, а дизајнот е различен.
Како прв пик-ап од овој премиум производителот, X-Class располага со истакната решетка која е опкружена со светлосни фарови со LED осветлување. Камионот исто така е опремен со пластични облоги, мускулни лакови на тркалата и вертикални фарови. Три различни конфигурации ќе бидат понудени, вклучувајќи работна X-Class Pure, потоа X-Class Progressive, и X-Class Power.
За да се разликува од Nissan Navara направени се измени на предниот дел, внатрешноста, и најзначајно е има различна опрема и материјали. Различен е трикракиот мултифункционален волан и инфозабавниот систем со 8.4 инчен екран.
На почетокот во гамата ќе има две четирицилиндрични верзии, и тоа X 220 d со 2.3 литарски турбо дизелски мотор со 163 КС, како и X 250 d со битурбо дизелски агрегат со 190 КС. Подоцна ќе има и верзија X 200 со 165 КС и x 350 d со V6 мотор со 258 КС. Во зависност од избраниот мотор ќе има шест степен мануелен и седум степен автоматски менувач.
https://youtu.be/7aGK4xW2jFM
Стандарднот моделот ќе има погон на задните тркала, а ќе биде достапен и со погон на сите тркала. Носивоста изнесува 1.1 тон, а може да повлече до 3.5 тона. Моделот е 202 мм. подигнат од земјата, а истото може да се зголеми со 222 мм. со опцијата за оф роуд суспензија.
Уште во 1936 година Mercedes претставил пик-ап на моделот 170 V кој се нудел и како седан, родстер, вагон и кабриол. Моделот 170 V послужил како основа за неколку посебни изданија кои биле прилагодени за потребите на таки свозачите, полицијата, брзата помош, армијата… Автомобилот имал 1.7 литарски четирицилиндричен мотор со сила од 37 КС, а влегол во историјата како прв автомобил на Mercedes што влегол во сериско производство по Втората Светска Војна.
Во раните 70-ти од минатиот век Mercedes на основа на Serie W115 за пазарот на Јужна Америка понудил платформа што во пик-ап издание се продавало во салоните на Mercedes, а бил промовиран во Аргентина и бил наречен La Pickup.
Пик-ап издание се нудело и во 1990 во комбинација со G-Class. Во почетокот само за потребите на армијата, а автомобилот подоцна бил и во други служби. Низ серијата W463 сѐ уште се нуди. технички гледано пик-ап е актуелниот модел G63 6×6.
Во форма на концепт останал и моделот VRC (Vario Research Car) од 1995 година со кој Mercedes ја покажал идејата „четири автомобили во едно“. На концепт останал и моделот Viano Activity што Mercedes го претстави во 2004 година, опишан како „автомобил со американски стил и европски димензии“
X-Class во Европа почнува да се продава во ноември, а цената во Германија ќе стартува од 37.294 евра. Може да биде понудено и во одреден број други земји како Австралија, Аргенина, Бразил и ЈАР.