Mercedes во Франкфурт со ексклузивна серија вредна 300.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Пред новата Mercedes G-класа да биде покажана во 2018 година, Daimler го засили максималното офроуд чудовиште и ги покажа ексклузивните серии G63 и G65. Не само што се ексклузивни, туку се посебни и според цената која за најдобата опрема достигнува речиси 300.000 евра.

AMG G-Class се препознава по заштитата на челичниот под, страничниот дел и бојата на колката на резервната гума. Ексклузивниот пакет вклучува и 21-инчни тркала со гуми со димензии 295/40.
Меѓу другите бои, клиентите можат да нарачаат специјални изведби со мат боја AMG Monza grey magno. Во внатрешноста на G63 има designo Exclusive пакет со две бои кожи и спортски седишта.

Како и стандардниот модел, G63 има твин турбо 5.5 литарски V8 мотор што развива 571 КС и 760 Нм. вртежен момент. Моделот G65 е помоќен и го покренува 6.0 литарски твин турбо мотор V12, со 630 КС и 1000 Нм. вртежен момент.

Цените во Германија за моделот почнуваат од 163.125 евра за G63 EXclusive Edition и 287.658 евра за G65 Exclusive Edition.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK