Мерцедес направи одличен тест за издржливост на новиот еVito, а истиот беше направен во лоши временски услови. Компанијата се пофали со ова тестирање, до ваков успех при тестирањата стигнале работниците во делот Merceds-Benz Vans, кое го постави целосно електричното возило на зимски тестови во северниот дел на Шведска.
Новиот eVito беше константно тестиран во текот на неколку недели во скандинавска зима и тоа при температури до -30 степени. Во рамки на испитувањата околу Поларниот круг се проверувани „студеното“ пуштање на моторот, како и показателите на полнењето на батериите и движењето при ниски температури.
Mercedes eVito е вториот целосно електричен модел после Vito E-Cell од 2010 година делот Mercedes-Benz Vans, кој е достапен за порачување од ноември 2017 година, но планиран е да биде доставен во втората половина од оваа година.
Однесувањето на електромобилот на различни климатски услови има важно значење за практичното управување. Воедно при тестирањето на студено време основното внимание инженерите го насочуваат возењето без полнење.
Ова возила има предност при доставувањето во градовите, како и при трговските и патнички превози. При капацитет на акумулаторите од 41,4 квТ/ч се поминуваат околу 150 километри. Дури и во најлошите услови клиентите ќе можат да поминат без полнење околу 100 километри.